Еден прогнозер кој уплатил 100 денари на тикет во Sport Life во скопска Кисела Вода, синоќа имал 330.000 причини за радост. Тикетот на кој има 8 меча и на кои играчот прогнозирал колку голови ќе паднат, излезе добитен и добивката е 330.176 денари.

Влогот од само 100 денари, се покажа како фантастична инвестиција бидејќи од осумте прогнозирани мечеви, само за еден може да се каже дека бил критичен, додека другите средби се одвиваа без проблем и токму како што посакуваше прогнозерот.

Најблиску до утка од мечевите на тикетот беше мечот АјнтрахтШалке. Тука е прогнозирано дека и во првото и во второто полувреме ќе паднат 1-2 гола, што е квота 2.70. Во второто полувреме, во првите 15-тина минути паднаа два гола, па прогнозерот половина час се „тресел“ да не падне уште еден погодок, што би значело дека тикетот ќе биде недобитен. За негова среќа, стрелците веќе не беа расположени и останаа на тие два гола во вториот дел.

Откако овој меч излезе како што треба за прогнозерот, потоа следуваа уште неколку меча од Германија на кои навреме паѓаа потребните голови. За дуелот на Аугсбург и Хофенхајм потребни беа 0-1 гол во прво и барем два гола во второ полувреме, кај Баер ЛеверкузенКелн два гола во прво и еден во второ, а храбро беше одиграно и дека Мајнц ќе постигне гол во првото полувреме на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

На тикетот се и паровите Јан Регензбург – Карлсруе (типувано е дека во двете полувремиња ќе има по 1-2 гола) и Штутгарт – Сандхаусен (1-1 и 2+). Од шпанската лига играно е и дека Еибар ќе даде еден гол во првото полувреме против Атлетик Билбао.

Најголем коефициент (3.95) е тој за победа на Атлетико Мадрид кај Осасуна и притоа и по првото полувреме да водат гостите од Мадрид и да има два гола на мечот. Ова беше меч кој почна доцна, во 22 часот, но половина час пред полноќ стана јасно дека тикетот со фантастична добивка за скромна уплата е добитен.