Мајорка доби пенал уште во 13-тата минута, поради старт во кој немаше контакт, а искусниот Даниел Родригез падна како покосен и доби најстрога казна против Селта која беше реализирана.
Чучо во 27-мата минута зголеми на 2:0, а во 40-тата веќе беше 3:0 а стрелец беше Позо.
Гостите во 50-тата минута преку Аспас од пенал намалија на 3:1, а само 2 минути подоцна Будимир беше прецизен за 4:1. Конечните 5:1 ги постави Севија во 60-тата минута.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајоковски влезе од клупата во 83-тата минута од натпреварот.