Седум кошаркари постигнаа двоцифрен број поени за победата на Мајами над Филаделфија со 120:85.
Така жешките поведоа во серијата со 3:2 победи и им треба уште една победа, за да го елиминираат ривалот.
Џими Батлер постигна 23 поени за Мајами, Макс Стрес заврши со „дабл-дабл“ – 19 поени и 10 скока. Гејб Винсент постигна 15 точки, Виктор Оладипо – 13, Бам Адебајо – 12, а по 10 додадоа Тејлор Хиро и Пи Џеј Текер.
Батлер додаде уште 9 скока и 6 асистенции
Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА