Најголемата легенда на Наполи, Диего Марадона, им честиташе на Елиф Елмас и компанија за освојувањето на Италијанскиот куп. Аргентинецот емотивно ги доживуваше моментите додека ги гледаше 90-те минути и пеналите.

„Горд сум на вас момци. Напред Наполи!“, напиша Марадона по мечот.

Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година, период во кој на клубот му донесе две титули, а по еднаш ги освојуваше Купот на УЕФА, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. Тоа беа времиња кога Марадона во Неапол го гледаа како Бог, а и уште е така. Диего, пак, додека од дома во Буенос Аирес ја гледаше средбата на телевизија, беше сликан од позади од неговиот пријател и адвокат, кој напиша дека Диего би сакал да влезе на терен.