Во Манчестер Сити веруваат, дека Арсенал е главниот виновник за забраната за учесто во ЛШ, која ја добија “граѓаните” пред два месеца. Во јануари Сити доби 2-годишна забрана за учество во ЛШ заради нарушување на правилата на УЕФА за финансиски ферплеј. Освен забраната, клубот беше казнет и со казна од 25 милиони фунти.

Според англиски “The mirror” Сити располага со “информација од сигурен извор”, според кој “топчиите” стојат зад големата казна. 

Од Арсенал одбија да ја коментират темата, но се подготовени да докажат, дека информацијата е неточна. 

Сити веќе го искористи правото да го обжали решението пред Арбитражниот спортски суд, но заради глобалната криза со коронавирусот е малку веројатно да се ислушаат сите докази во однос на делото. Како резултат на тоа од клубот може да побараат забраната да биде одложена и да учествуваат во ЛШ следната сезона.