Во недела се навршија 4 години од трансферот на Садио Мане во Ливерпул од Саутемптон за 34 милиони фунти.
Сенегалецот стана нераскинлив дел од составот на Јирген Клоп и има огромна заслуга за успесите на тимот. Напаѓачот има 78 гола во 163 меча и успеа да ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство и Премиерлигата во дресот на “црвените”.
Интересно е што Ливерпул сеуште нема пораз на “Енфилд” со Мане во составот.
Последниот пораз во Премиерлигата е во април, 2017-та година од Кристал Палас, а тогаш Мане не беше во составот заради повреда.