Летото го сакаме зошто ни нуди изобилство од свежи плодови и зеленчуци, кои ни помагаат да ја одржуваме добра форма. Од нив се прават чудесни свежи сокови, погодни за нашата лунарна диета.

Лунарната диета е режим, особено погоден за оние, кои во текот на летните месеци се чувствуваат подувани, и ги задржуваат непотребните течности, и сакаат да започнат летна диета. За време на оваа диета, во рамките на 24 часа во соодветната лунарна фаза, се консумират само вода, чај од билки, фрешови. Не се дозволува конзумација на сол, шеќер, млечни производи, месо, тестени и т.н.

Лунарната диета ни помага да ги елиминираме непотребните течности, да го прочистиме организмот од токсини. По завршување на диетата е важно да се храниме постепено. Така го намалуваме ризикот од стомачни проблеми, но и почнуваме фаза на ново и поздраво хранење.

Кога новиот месец ќе настапи, погледнете ги фазите на Месечината за јули за лунарната диета.

5.07.2020 г. – 06:57 часот – полна месечина;
13.07.2020 г. – 01:28 часот – последна четвртина;
20.07.2020 г. – 19:36 часот – нова месечина;
27.07.2020 г. – 14:47 часот – прва четвртина.