Наполи, за кој настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас објави, дека тимот ќе ги обнови тренинзите на 25 март и покрај пандемијата од коронавирус.

Решението е лично на претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис. Неговият пример најверојатно ќе го следи и претседателот на Лацио Клаудио Лотито.

Сите спортнски настани во Италија се замрзнати до 3 април. Се очекува рокот да биде продолжен и мечевите продолжат во средината на месец мај.

Претседателот на Асоцијацијата на фудбалерите во Италија, Дамјано Томази ги предупреди играчите, дека не е безопасно да се вратат на тренинзи при вакви услови.