Бившиот фудблер на Арсенал и Јувентус – Никлас Бендтнер изјави, дека има намера да стане тренер по крајот на играчката кариера. 32-годишниот Данец последен пат го носеше дресот на Копенхаген, но сега е слободен агент, откако му истече договорот пред 4 месеца.

“Едно од нештата, со кои би можел да се справам, е да станам тренер. Да ги изучам потребните курсеви и да добијам лиценца е големо нешто, кон кое се стремам”, изјави тој.

Неговиот поранешен тренер во Копенхаген – Стале Солбакен мисли, дека Лордт го има потребното искуство: “Никлас има фудбалски мозок, без сомнеж. Освен тоа има големо искуство бидејќи играл во различни држави”, кажа кратко, но јасно искусниот тренер.

До сега освен за Арсенал и Јувентус, Бендтнер играше и за Бирмингем, Сандерланд, Волфсбург, Нотингем Форест и Розенборг.