Неверојатен скандал изби во Португалија, поврзан со Кристијано Роналдо. Португалски лекар жестоко ја нападна фудбалската суперѕвезда, пишува “Стандарт”.

Повод за нападот беше веста дека напаѓачот на Јувентус се шета заедно со Џорџина Родригес без заштитни маски или ракавици. Со нив биле и две од децата.

“Сакам тоа животно да остане дома. Избркајте го тој скитник од Мадеира”, напиша лекарот Рафаел Маседо. 

Неговиот пост предизвика голема полемика, дури и реакција на сестрата на Роналдо – Елма, која го нарече “ненормален”.

Притиснат од коментарите, Маседо се извини на Роналдо и семејството и објасни дека профилот му бил хакиран. Лекарот вети дека ќе ја менува лозинката секоја недела и дека му се восхитува на Роналдо и не го навредил.