Лос Анџелес Галакси го прекина договорот на фудбалерот од средниот ред, Александар Катаи.

Причината е коментар на неговата сопруга за дејствијата на полицајците против црнците во САД.

Таа повика полицијата да ги смачка и да ги убие протестантите, а исто така ги нарече и ѕверови. 

Во САД има масови протести и безредија по убиството на афроамериканецот ЏорЏ Флојд од полицаец.  

Следниот ден фанови на клубот организираа протест близу до стадионот, по што Лос Анџелес го прекина договорот со Србинот.

Катаи пристигна во Галакси пред стартот на сезоната и запиша само два меча за новиот клуб.