Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес сака да премине во редовите на Барселона, но големиот проблем е што клубот не е подготовен да плати 111 милиона евра за него.

Според информации на “Мундо Депортиво” каталонците би го ангажирале Аргентинецот за пониска цена со оглед на фактот што светот се наоѓа во пандемија и капитулираат цели економии.

Зделката можеше да биде реализирана ако не се појавеше заразата, која практично го запре нормалното функционирање на фудбалот.

Ова остава голем прашалник околу трансферот на Аргентинецот на “Ноу Камп”.