Во „Куќа на фудбалот“ денеска беа извлечени паровите за бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Исток.

На 10. јули на Градскиот стадион во Штип, бараж натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток ќе го одиграат екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница.

По повод важниот бараж, успеавме да добиеме изјава од тренерот на Слога Виница, Крсте Крстев.

“Кога во еден натпревар е заложена цела сезона, а можеби и повеќе идни години однапред се знае за неговата тежина. Но друг избор немаме, се надеваме дека на десети ќе одиграме најдобро што можеме и ќе ги израдуваме сите искрени симпатизери на ФК Слога Виница” – изјави Крстев.