Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али настрадал за време на вооружен грабеж во неговиот дом. Фудбалерот бил заплашуван со нож, по што му е направена рана на лицето.

Англискиот репрезентативец нема сериозни повреди, но е ударен во лицето, откако двајца мажи упаднале во неговиот двор на куќата во Лондон. Фудбалерот се обидел да се одбрани од крадците, но се здобил со повреди.

Деле Али бил дома заедно со својата девојка Руби Меј, полубратот Хари Хикфорд и уште двајца пријатели, со кои играле карти. Хикфорд исто бил нападнат од крадците.

“Двајцата мажи влегле во имотот и украле накит вклучувајќи и скапи часовници, по што се обиделе да избегаат. Единиот маж кој бил во куќата имал 20 години поминал со лесни повреди по нападот, но не побарал лекарска помош. Нема уапсени и истрагата продолжува“, изјави портпаролот на полицијата.

Потсетуваме дека во март при вооружен грабеж настрада семејството на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген.