Ливерпул официјално стана шампион на Англија прв пат по 1990 година, откако Челси го победи со 2:1 Манчестер Сити на “Стемфорд Бриџ”.

Така црвените го освоија 43-тиот трофеј во историјата и го претекнаа големиот ривал Манчестер Јунајтед.

“Црвените” 19 пати биле шампиони на Англија, 7 пати триумфирале во ФА Куп, 8 пати во Купот на Лигата и 9 во европските натпреварувања.

Јунајтед 20 пати ја освојувал Премиерлигата, 12 пати ФА Куп, 5 пати Купот на Лигата и има 5 европски трофеи. Тоа се вкупно 42 трофеи.