Истражување на компанијата KPMG излезе со информација за најскапите 32 клуба во светот за 2020 година. Класификацијта е предводена од шпански Реал Мадрид со пазарна вредност од 3,5 милијарди евра, што е зголемување на цената за речиси 8% од минатата година.

“Кралевите” не пропуштија да се пофалат со лидерското место во престижната класификација и го објавија на официјалната страница на интернет.

Втор е Манчестер Јунајтед, кој е оценет на 3,3 милијарди евро, иако тимот не игра толку добро во последно време. „Цервените ѓаволи“ ја зачуваа позицијата од 2019 година.

Првакот на Шпанија, Барселона успеа да биде пред Баерн Минхен и да го завземе третото место со вредност од 3,2 милијарди евра.

Европскиот шампион Ливерпул ја зголемил вредноста за 26,9% и успева да надмине други два англиски тима – тие на Манчестер Сити и Челси, и се наоѓа на петата позиција. Цената на клуба достигна 2,7 милијарди евра.

Новите два клуба, кои успеваат да најдат место во класификацијата, се Порто и Валенсија, кои ги завземаат 25-тата и 30-тата позиција. Последен на табелата на KPMG е Виљареал со клупска вредност од 301 милиони евра, иако клубот ја покачил својата цена со 21,6% во однос со минатата година.