Манчестер Сити може да чека цели два месеца, додека стане јасно дали двегодишната забрана од УЕФА за забрана за учество во европските клупски турнири ќе остане на сила, тврди Mirror.

“Граѓаните” добија тежок удар поради непочитување на финансискиот ферплеј и тоа може да доведе до сериозен проблем за тимот и доста од ѕвездите може да си заминат.

Не е исклучена можноста при останување на сила на таа забрана тимот да бара и нов тренер, бидејќи Пеп Гвардиола исто може да си го собере багажот од “Етихад”. 

Тимот веќе ги почитува сите правила по добивање на забраната и поднел жалба со своите аргументи, но предстои да се види дали тие ќе бидат прифатени. 

Заради ситуацијата со COVID-19 тоа може да трае цели два месеци.