Валентин Кочовски е нов фудбалер на битолски Пелистер.

Поливалентниот фудбалер, кој може да игра како лев бек, лево крило и офанзивен играч за врска ќе се обиде да им помогне на битолчани кои се повратници во Првата македонска фудбалска лига.

Кочовски во Пелистер доаѓа од Струга, каде минатата сезона до прекинот поради коронавирусот забележа 18 настапи и постигна 1 гол.

Освен за Струга, Кочосвски во својата кариера има настапи и за Академија Пандев, Хоризонт Турново, Беласица и Шкупи.