Идејата за создавање на европска Суперлига само за најбогатите екипи беше ликвидирана од коронавирусот, изјави извршниот директор на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге.

“Јас сум сигурен дека во следните 10 години нема да има Суперлига, без разлика како ќе заврши коронакризата. Целата идеа беше да се прават повеќе пари. Кризата ја направи таа идеа абсурдна”, рече Карл за весникот Frankfurter Allgemeinen Zeitung.

Долгогодишниот председател на асоциацијата на европските клубови е “навлезен” во материјата, бидејќи лично разговарал на темата низ годините со претседателите на останатите гиганти.

Пандемијата со коронавирусот удри силно по буџетите дури на најголемите европски клубови и барем засега нивните планови за создавање на нов турнир пропаднаа.

“Сметам дека моменталната ситуација нема да се промени. И сегашните случувања ќе доведат до тоа клубовите да не ги бркаат парите на истиот начин. Сакам кризата да остане зад нашите грбови и сезоната да се доигра”, додаде Румениге.