Менаџерот на Интер, Антонио Конте, се потсети на периодот во Челси и изјави дека поминатиот период на “Стамфорд Бриџ” му бил еден од најпријатните во тренерската кариера.

“Си ја сакам работата. Понекогаш ја покажувам страста и сакам да ја споделам таа среќа со фановите. Имав прекрасен однос со фановите на Челси”, призна стручнакот.

Тренерот се осврна и на победата со 4:0 над Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо.

“Тој меч беше важен за нас, зошто да победиш со таков резултат против еден од најсилните тимови ти дава неопишливо чувство. Тогаш свативме дека можеме да се бориме за титулата. Таа средба ни ја врати самодовербата”, дополни Конте.