Фудбалерите на Кит Го, по четири месеци пауза, во петок (10. јули) во својата база во Пехчево ги стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона во Втората лига – Исток.

Предводени од шефот на стручниот штаб, Емил Грнев, фудбалерите во петок активно почнуваат со подготовките низ кои ќе бидат одиграни и шест пријателски натпревари.

Првиот тест дуел ќе биде со Брегалница на 18. јули, а генералката ќе биде против Кожуф на 15. август. Првенството во Втората лига – Исток, според одлуката на Натпреварувачката комисија на ФФМ, ќе стартува на 22. август.

ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ФК КИТ ГО ВО ЛЕТНИОТ ПОДГОТВИТЕЛЕН ПЕРИОД:
18. јули: КИТ ГО – Брегалница
25. јули: КИТ ГО – Плачковица
28. јули: КИТ ГО – Ак. Пандев
1. август: КИТ ГО – Осогово
8. август: КИТ ГО – Кадино
15. август: КИТ ГО – Кожуф