Дефанзивецот на италијанскиот шампион Јувентус, Џорџо Киелини призна дека бившиот фудбалер на тимот, Артуро Видал имал сериозни проблеми со алкохолот.

“Фудбалерот не е ѓавол, но не е ни светец”, изјави Киелини за “Тутоспорт”.

“Например еден Видал пиеше повеќе отколку што треба. Сите го знаат тоа. Можам да кажем дека алкохолот беше неговиот единствен проблем”. 

“Тоа е едно од слабите места на човечката природа”, кажа дефанзивецот.