Кевин-Принс повеќе не сака да има ништо со неговиот брат Жером Боатенг. Тој го потврди ова во интервју за Билд.

“Одамна се дистанцирав од него. Го почитувам германскиот закон и го презирам насилството врз жените. Не ги поддржувам неговите постапки и веќе немам ништо со него”, изјави Кевин-Принц Боатенг.

Жeром вчера се појави пред судот во Минхен под обвинение дека физички ја нападнал поранешната девојка Шерин Сенлер. 33-годишниот дефанзивец се спаси од зарвор, но ќе мора да плати казна од 1,8 милиони евра.