Кевин-Принс Боатенг ќе остане во Херта Берлин, потврдија од раководството на германскиот клуб во среда. Фудбалерот од средниот ред ќе остане уште една сезона. 

35-годишниот Боатенг беше еден од најдобрите фудбалери во составот на Херта минатото првенство, кога Херта го зачува местото во Првата Бундеслига по одигрувањето на плејоф против Хамбургер ШФ.

“Тој е нашиот лидер. Оди напред и сите тргнуваат по него. Знаеме што значи неговото присуство за составот. Сеуште се гледа глад за докажување кај него и сака да продолжи да ја користи шансата да игра заедно со момците”, изјави спортскиот директор на берлинци Фреди Бобич.

Кариерата на бившиот репрезентативец на Гана мина низ Тотенхем, Борусија Дортмунд, Џенова, Милан, Шалке 04, Лас Палмас, Сасуоло, Барселона, Ајнтрахт Франкфурт, Фиорентина, Бешикташ и Монца.  

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА