Фудбалерот на Челси, Н’Голо Канте одби да учествува на тренингот на “сините” вчера заради стравување за своето здравје. Во вторникот 29-годишниот фудбалер беше на првиот тренинг на лондончани по дозволата за тренинзи од властите на Велика Британија, но вчера тој изразил стравување за сигурността на играчите и добил решение од раководството на клубот да не тренира.

Малку пред Светското првенство во 2018 година помалиот брат на францускиот репрезентативец почина од срцев удар, а неколку месеца порано самиот Канте припадна за време на тренинг, но направените истражувања покажаа дека тој нема здравствени проблеми.

Канте не е единствениот фудбалер, кој одби да тренира со својот клуб, откако тоа го стори и капитенот на Вотфорд Трој Дини, кок изјави, дека се плаши за здравјето на сопругата и малото дете. Дини смета дека превентивните мерки за безбедно одржување на тренинзите не се доволно сигурни. Клупскиот колега на Дини, Адријан Мариапа имаше позитивен тест за коронавирус, а заразени со COVID-19 се и уште двајца вработени во таборот на “стршелите”.