Велешки Борец од Велес успеа во своите редови да го врати искусниот Оливер Пеев.

Фудбалерот од средниот ред по шест месеци играше во Грција поточно во дресот на Каламата, се враќа во Борец.

Пеев во богатата кариерата ги носеше дресовите на Работнички, Пелистер, Металург, Шкендија, Тетекс и Вардар и неколку грчки клубови.

Веста за кам-бекот за трансфермаркет.мк ја потврдија од стручниот штаб на велешани.