Напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер веќе подолго време е поврзуван со трансфер во Ливерпул.
Германскиот репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти сегашниот тим во текот на летото, а сериозен интерес за него пројавува и Баерн Минхен.
Вернер има шанса да стане и дел од ѕвездениот напад на “црвените”, во кој веќе се – Салах, Фирмино и Мане.
Оваа сезона Германецот постигна 27 гола и забележа 12 асистенции во сите натпреварувања, а неговата цената е околу 50 милиони фунти.
Фан на Ливерпул направи ВИДЕО, во кое покажа како Вернер ќе се вклопи во составот на “црвените”: