Легендарниот стадион “Маракана” во Бразил беше пренаменет во времена болница, соопшти CNN. Јужноамериканската држава се подготвува за бум на заразени со коронавирус, порад што големиот стадион и уште 11 други ќе бидат експлоатирани од медицинските служби во борбата со вирусот. 

Претседателот на бразилскиот гигант Фламенго, во чија сопственост е “Маракана”, ја потврди веста. 

“Во ова мрачно време сакам да го повикам нашиот голем народ да биде единствен и да работиме заедно со една цел, а тоа е да си го вратиме стариот живот”, апелираше Родолфо Лафим. 

Во моментов во Бразил се заразени над две илјади луѓе, но се очекува нивниот број да расте брзо, заради големиот број населени места и големата густина на населеност.