Мегаѕвездата на светскиот фудбал Кристијано Роналдо ја подржа кампањата “Останете дома”, која има за цел запирање на ширењето на коронавирусот.

Лидерот на Јувентус даде подршка на социјалните мрежи со две фотки со маска на лицето – едната со знаме на Португалија, другата на Италија.

“Во овој многу тежок момент за нашиот свет е важно да сме обединети и да се подржуваме. Сите да го направиме тоа, што би помогнало”, напиша Роналдо.

Роналдо ја помина неделава во социјална изолација на островот Мадеира заедно со своето семејство.

Вчера петкратниот носител на Златната топка спроведе самостоен тренинг на националниот стадион во Мадеира. Ѕвездата се обидува да се одржи во форма, но предизвика многу коментари во својата татковина. Причината за тоа е што нема дозвола за било какви активности во период на карантин.