Искусниот голман, Даниел Божиновски го продолжи договорот со Силекс, со кој летово го очекуваат европски натпревари.

Божиновски е дете на ФК Силекс, клуб во кој ги помина сите млади категории, бранеше за првиот тим, д каде замина за штипска, Брегалница, па Работнички, од каде направи интернационален трансфер во азербејџански Сабаил, за да се врати во матичниот клуб минатата сезона.

Неговите одбрани од минатата сезона беа одлична препорака до раководството, кое му понуди нов договор и истиот на обострано задволство беше потпиша.