Како што е добро познато во Првата македонска фудбалска лига се натпреваруваат 10 екипи, а резултатот од истражувањето ни покажа дека 6 од нив имаат свои клупски веб портали. За разлика од клубовите од Македонија далеку понапред во овој семент се клубовите од првата српска фудалска лига, од кои дури 85% имаат свој клупски веб сајт, додека пак во првата фудбалска лига на Бугарија непостои фудбалски клуб кој нема свој клупски веб сајт.

Клубови кои имаат свој веб сајт од македонската прва лига се: ФК Вардар, ФК Шкедндија, ФК Работнички, ФК Пелистер, ФК Ренова и ФК Шкупи.

Еве како изгледаат нивните почетни страни:
Официјален веб сајт на ФК Вардар (www.fkvardar.mk)

На почетната страна на официјалниот веб сајт на лидерот во првенството, може да се забележи дека се постираат најнови вести во врска со сениорскиот тим, но и вести за младите категории и академијата на тимот како важен сегмент за иднината за целокупната организација.
Во посебен дел се претставени играчите кои во актуелната сезона ги бранат боите на клубот.
Истотака има посветен дел н навивачите и подржувачите на клубот, како и многу фотографии и галерии од тренинзите и натпреварите на тимот.
Доколку некој се интересира за историјата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, сите информации може да ги на најде на официјалниот веб сајт во делот ИСТОРИЈА.
И накрајот на веб сајтот можат да се информираат заинтересираните за тренинг кампот и за стадионот на кој Вардар ги игра своите домашни и меѓународни натпревари.

Од јазичните опции понудени се македонскиот и англискиот јазик, на кои може да дојдете до сите понудени информации.

Официјален веб сајт на ФК Шкендија (www.kfshkendija.com)

На почетната страна на официјалниот веб сајт на црвено-црните може да се најдат информации за клубот, за сениоркиот тим и за клупската академија, за сите вести и новости поврзани со клубот, за постигнатите резултати на сениорскиот тим, но и на младите категории.
Во посебни делови може да се најдат информации кои им се потребни на медиумите, фанзона и информации за стадионот на кој Шкендија ги игра своите домашни натпревари, а тоа е Градскиот стадион во Тетово.
Во подолниот дел од почетната страна на сајтот се прикажани генералнит и останатите спонзори на клубот.
Како голем пропуст кој може да се нотира на официјалниот веб сајт на клубот е тоа што информациите се пренесени само на албански јазик.
Официјален веб сајт на ФК Работнички

Според информациите до кои дојдовме официјалниот веб сајт на ФК Работнички прв е лансиран во интернет просторот од сите постојни официјални веб сајтови на македонските фудбалски прволигаши.
На него можат да се најдат податоци за освоените титули на клубот и целокупната историја на т.н романтичари.
Секојдневно се постираат и се ажурираат најнови вести поврзани со екипата и изјави по завршени натпревари и најави за натпреварите кои го очекуваат тимот.
Посебен дел претставува ФАН ШОПОТ, додека сегош на сајтот може да најдете нови галерии и видеа од тренинзите и натпреварите и пресконференциите на тимот.
Сенорскиот тим, односно фудбалерите се претставени сликовито и со информации за нивните позиции на кои играат.
Сите понудени информации посетителите на официјалниот веб сајт на ФК Работнички може да се прочитаат на македонски и на англиски јазик.
Официјален веб сајт на ФК Шкупи

На почетната страна на официјалниот веб сајт на чаирчани може да се најдат информации за клубот, за првиот тим, за сите новости поврзани со клубот, за постигнатите резултати на сениорскиот тим.
Може да се најдат информаации кои им се потребни на медиумите, а се изрекламирани и генералниот и останатите спонзори на клубот.
Како голем пропуст кој може да се нотира на официјалниот веб сајт на клубот е истото она што го констатиравме и кај официјалниот веб сајт на ФК Шкендија, а тоа е што информациите се пренесени само на албански јазик.

Официјален веб сајт на ФК Пелистер

На официјалната веб страна на ФК Пелистер може правовремено да се прочитаат најновите вести во врска со клубот и со македонската прва фудбалска лига, историјатот н еден од најстарите македонски фудбалски прволигаши, како и сите голови и многу фотографии од настапите на битолскиот тим во домашното првенство и на пријателските натпревари и од одржаните прес-конференции.
Од левата страна се нотирани резултатите на клубот, како и мечевите кои се следни на менито на ФК Пелистер. Додека пак од десната страна е прикажан генералниот, заедно со останатите спонзори.
Веб сајтот е достапен само на македонски јазик.

Официјален веб сајт на ФК Ренова

На почетната страна на официјалниот веб сајт на гипсарите може да се најдат информации за клубот, за сениоркиот тим, за сите вести и новости поврзани со клубот и за постигнатите резултати на сениорскиот тим.
Во посебни делови може да се најдат информации кои им се потребни на медиумите и фанзона.
Во подолниот дел од почетната страна на сајтот се прикажани генералниот и останатите спонзори на клубот.
Како пофалба може да се нотира тоа што на официјалниот веб сајт на клубот кој е во сопственост на стопанственик кој по националност е Албанец, за разлика од веб сајтовите на ФК Шкендија и ФК Шкупи информациите се пренесени освен на албански и на македонски и англиски јазик.
За крај може да резимираме дека сите оние 6 клубови кои погоре ги наведовме, кои имаат свои официјални веб сајтови, важат за едни од поорганизираните во Македонија, а доказ за тоа дека од овие 6 клуба, дури четири годинава се изборија за излез на Евро-сцената и тоа: ФК Вардар, ФК Шкендија, ФК Работнички и ФК Пелистер.

Анализата е направена за сезоната 2016/17