Премиергигашот – Брајтон, е подготовен на радикални мерки, за да создаде адекватна атмосфера на својот стадиона, откако првенството ќе продолжи.

Според “The Telegraph”, раководството на Брајтон ја разгледува можноста да создаде фудбалска атмосфера преку вклучување на снимени скандирања од фановите за време на мечевите преку соодветно озвучување.

Освен тоа раководството на клубот сака да се благодари на медицинскиот персонал на Националната здравствена служба за херојството за време на борбата со пандемијата од коронавирус.

 Тие ќе ги покријат празните трибини со огромен банер како подршка за сите медицински лица.

Првенството во Премиерлигата ќе се доигра во текот на летото, но пред празни трибини.