Многу често зборуваме за некој млад играч дека е исклучително перспективен. За жал, потенцијалот не секогаш се реализира.

Некои навистина стануваат топ-играчи, други стануват резерви, други одат да играат на позајмица, некои очајно се обидуват да се вратат на нивото, на кое биле. За жал неуспешно.

Равел Морисон

Фудбалерот кој Алекс Фергусон го нарече “најдоброто момче, кое го видел”, беше дел од младинскиот тим на Манчестер Јунајтед. Младиот фудбалер беше премногу самоуверен и неговиот однос кон работата не беше според правилата на Манчестер Јунајтед, кој бе принуден да се раздели со него во 2012 г. Тој премина во Вест Хем, но и таму не направи кариера. На неколку пати бепе преотстапуван, играше во Лацио, Мексико и Шведска, а сега никој не се сеќава на него.

Сулејман Кулибали

Имаше серија од девет гола, вклучувајќи и хеттрик против Бразил на младинскиот шампионат во 2011 г. Погледите беа свртени кон играч, а медиуите не штедеа суперлативи и го нарекоа “новиот Дидие Дрогба”. Топ-клубови го посакуваа, но Тотенхрм ги претекна сите. Големите надежи не беа оправдани. Прво играше под наем во Италија, беше една сезона во Бари, каде не одигра ниту еден меч, а во моментов игра во првенството на Тунис. А има само 25 години.

Бруно Шејру

Шејру беше наречен од бившиот менаџер на Ливерпул „новиот Зинедин Зидан“. Жерар Улие го купи во 2002 г. од Лил за 6.5 милиони евра и беше уверен, дека Шејру ќе го завземе местото на Зидан, како најдобар среден играч во светот. Тој успеа да убеди многу луѓе во тоа. Но Шејру не успеа да избори место во Ливерпул, играше само две сезони за тимот, потоа беше позајмуван и накрај продаден на Рен.

Џошуа МакЕкран

Детето на Челси беше одреден како најперспективниот играч кој стигнал до првиот тим. МакЕкран дебитира на 17-годишна возраст во 2010 со солидно деби. Но неговиот развој престана, откако Карло Анчелоти беше отпуштен од Челси. Новиот мененаџер Андре Вилаш-Боаш не виде потенцијал во него и го прати во Свонзи на пзајмица. Потоа имаше периоди во Мидлзбро, Вотфорд, Виган и Витес. Сега е играч на второлигашот Бирмингам.

Фран Мерида

Мерида од медиумите беше наречен “новиот Цеск Фабрегас”, затоа во 2005 г. премина од Барселона во Арсенал. Арсен Венгер пак го нарече Мерида “исклучителен играч. Фран не се избори за место во првиот состав на “топчиите” и во 2010 г. се обиде да ја рестартира кариерата во Атлетико Мадрид, а сега на 30-годишна возраст игра во скромната Осасуна.

Џордан Ајб

Сите големи клубови го сакаа Ајб, откако тој дебитираше во составот на Викамб во 2011 г. на возраст од 15 години и 311 дена, станувајки рекордер во лигата. Два месеца подоцна Ливърпул потпиша со него. Во младинскиот тим на “червените” Ајб се представи достојно и во сезоната 2014/15 успеа да се пробие во првиот тим. Во првиот меч со Евертон тој беше избран за најдобар на средбата. Го договорот со Ливерпул каде во него гледаа наследник на Рахим Стерлинг. Ајб не ги оправда надежите и во 2016 г. беше продаден на Борнемут за 15 милиони фунти. За четири сезони во составот на “црешите” тој постигна три гола. Сега договорот му е пред истек а клубот и сака да му го продолжи.

Аднан Јанузај

За Белгиецот се зборуваше и напиша многу. Тој го наследи од Рајан Гигс во Манчестер Јунајтед бројот 11 и имаше одлична сезона под раководство на Дејвид Мојс во сезоната 2013/14. Јанузај многу зборуваше за медиумите, тие пишуваа многу за него и беше нова ѕвезда на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал. Но во формата на играчот настапи пад и следеше многу неуспешна сезон под наем во Борусија Дортмунд, потоа и во Сандерленд. Потоа врати дел од репутацијата во Реал Сосиедад, но веќе не се зборуваше за него како претходно.

Гаел Какута

На 16-годишна возраст Какута доби суперлатив “најнадарен играч од својата генерација”. Медиумите го воздигаа. Гаел влезе во првиот состав на Челси, но не издржа на тоа ниво, изигрувајки само 16 меча. Тој беше купен од Севиља во 2015 г., потоа отиде во Кина, се врати во Шпанија, но во Рајо Ваљекано. Сега 28-годишниот Какута е фудбалер на Амиен, а пред неколку години никој не се сомняваше дека крилото ќе го прави истото, но во составот на топ-клуб.