И покрај вчерашното соопштение дека играчите и целиот персонал на Арсенал ќе си ги намалат платите заради пандемијата има фудбалери кои се против тоа решение.
Според информации на британски “Дејли Мејл” Месут Озил е еден од тие, кои немаат никаква намера да ги намалат своите примања.
Тој сака прво да го оцени влијанието на пандемијата од коронавирусот врз клубот и дури потоа да процени, дали ќе се откаже од дел од своите примања.
И покрај тоа Германецот е подготовен да се откаже од повеќе, од 12,5% од платата, ако се покаже, дека ситуацијата во клубот не е розова.
Со ова Озил прво го навлече гневот кај навивачите на Арсенал, потоа во цела Англија, а најверојатно и пошироко, ако се знае фактот дека тој е најплатен фудбалер на топчиите и заработува 400 000 евра неделно.