Доколку ги забележите следниве состојби, мора да го зголемите внесот на протеини…

1.Намален перформанс– првото поле на кое ќе се почуствува дефицитот од протеин е тренингот. Без разлика на трудот кој го вложувате, резултатите ги нема. Диета која не ги задоволува оптималните потреби за протеин може да предизвика мускулна атрофија.

2.Анксиозност и депресија– ако се чуствувате раздразливо или постојано избувнувате, имате проблем со несоница или нестабилен сон, можеби е време за да го зголемите дневниот внес на протеин. Протеините му помагаат на мозокот полесно да ги синтетизира хормоните кои прават да се чувствувате смирено и позитивно, како на пример серотонинот.

3.Чести повреди– недоволната количина на протеин во исхраната го зголемува ризикот од губење на мускулната маса, споро закрепнување на микрофрактурите на коските што пак доведува до мускулна-склетена слабост, фрактури и остеопороза. Исто така протеинот е клучен во абсорбцијата на калциум. Клучниот минерал за здрави и силни коски.

4.Зголемен апетит– постојаната потреба да се посегне по некоја ужина полна со калории, може да биде директна последица од недостаток на протеин во исхраната, а зголемен внес на прости јаглехидрати. Протеинот кој е оптимално застапен во секој оброк го стабилизира нивото на шекер во крвта и ја подобрува дигестијата. Доколку пак постојано имате потреба од некој богат протеински оброк како јајца, месо или млечни производи, послушајте го вашето тело и дајте му го она што му е потребно.

5.Други знаци– доколку вашето тело има недостаток на протеин, мошне е веројатно истото да почне да “снабдува” протеин од деловите на телото кои не се толку важни како: нокти, коса и така натаму. Ако почустувавте дека косата ви станува оштетена и или пак ноктите ви изгледаат болно, време е да направите измени во вашата секојдневна исхрана.