Реал Мадрид постигна убедлива победа со 3:1 над Еибар во првиот меч по рестартот на шампионатот во Шпанија.

Фудбалерите на Зинедин Зидан, кои домашните мечеви ги играат на помошното игралиште стадион “Алфредо ди Стефано”, решија се уште во првото полувреме, постигнувајќи три гола.

За Зизу ова беше меч број 200 на чело на Кралскиот клуб. По тој показател тој е на трето место во историјата на клубот по Мигел Муњос (605) и Висенте дел Боске (246).

Зидан беше назначен по прв пат за тренер на Реал Мадрид на 4 јануари 2016 година, и го замени Рафаел Бенитес. На крајот на мај 2018 година Французинот објави дека ја напупта работата, но на 11 март 2019 година се врати на чело на „кралевите“.

Французинот има освоени 10 трофеи со Реал Мадрид – три години по ред ја освојуваше Лигата на шампионите (2016, 2017 и 2018г.), два пати Суперкупот на Европа, два пати Светското клупско првенство, еднаш стана шампион на Шпанија и два пати го освои Суперкупот на Шпанија. Зидан го водел Реал Мадрид во 135 меча во Ла Лига, 40 меча во Лигата на шампионите, 15 во Купот на Кралот, 4 на Светските клупски првенства, четири во Суперкупот на Шпанија и 2 во Суперкупот на Европа. Тој освоил 132 од тие натпревари, 42 завршиле нерешено и има 26 порази.