Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ за повторно ја докажа силата на неговиот дух. Српскиот стручњак утрово тренираше во клупската база.

Тој пристигна околу 9:30, по што ја симна шапката покажувајќи ги трагите од хемиотерапијата и започна да трча. Михајловиќ тренираше самостојно околу еден час, по што во базата пристигна спортскиот директор на Болоња Рикардо Бигон. Двајцата разговараа околу десет минути. Потоа Михајловиќ си замина и се очекува утре да го тренира тимот.

Бившата ѕвезда на Југославија и Србија објави дека е болен од леукемија во јули. Тој претрпе трансплантација на коскена срцевина во октомври и се врати во болница на 27 јануари за антивирусна терапија. Тој беше ослободен од болница на 1 февруари, за да седне на клупата за мечот на Болоња против Бреша, што доведе до победа со 2:1. Во моментов Болоња е 11-та во Серија А, со 30 бодови.