Од Фудбалската федерација на Бурунди објавија дека сите спортски натпреварувања во државата се прекинуваат поради пандемијата, причинета од коронавирус.

По 30 март Бурунди беше единствената држава во Африка, во која продолжија спортските натпреварувања.

Се очекува првенството да продолжи и сезоната да заврши до крајот на мај годинава. До крајот на првенството остануваат уште три кола.