Тренерот на Македонија Ѓорче Петров, Жикица Тасевски кој воедно е и асистент на предметот фудбал на Факултетот за физичка култура во Скопје ја започна чистката во клубот.

Досега од Ѓорче замина Робсон да Силва и тоа во Беласица, заминува и голманот Марко Јовановски, а најново ќе биде заминувањето на уште еден Бразилец, Паду Едуардо Карваљо, кој по се изгледа ќе го следи својот сонародник и ќе потпише за струмичките кенгури.

Популарниот Жичо важи за тренер кој сака да ја има целосната контрола врз трансферите во клубовите кои ги води, па најверојатно така ќе биде и случајот со Македонија Ѓорче Петров.