Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за прекин на Прва ЖФЛ на Македонија.

Со прекинувањето на првенствотото во Прва ЖФЛ за сезона 2019/2020, се замрзнува табелата заклучно со последното одиграно коло пред 12.03.2020година.

После 14 одиграни кола, постигнати 13 победи и еден нерешен резултат со 73 постигнати гола и примени само 5 гола, нашата екипа е убедливо најдобра!!!

ЧЕСТИТКИ за сите фудбалерки, стручниот штаб, сите поддржувачи, сите спонзори…ЧЕСТИТКИ за Македонска Каменица која за прв пат во својата историја има ШАМПИОН!!!