Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига од минатата сезона, Енис Садики, кој како непознато момче пристигна во Вардар Форино, но со своите добри игри го сврте вниманието на себе, го продолжи договорот со амбициозниот второлигаш на уште една сезона.

Садики во Форино пристигна од младинскиот суперлигаш Куманово Еуроспорт, без ниту една секунда сениорско искуство, и одигра 12 меча или поточно 1075 минути, а пропушти само 2 меча, првиот со ФК Пелистер поради задоцнета регистрација и уште еден меч поради акумулирани 5 жолти картони. Во последно време го следеа и селекторите на У-19 и У-21 селекции.

Освен понудата на Вардар Форино, на адресатана младиот стопер пристигнаа и понуди од Косово и од еден македонски прволигаш, но очигледно сигурната минутажа во клубот од Форино беше клучниот фактор во одлуката за продолжување на соработката.