Екипата на Наполи и нашиот Елиф Елмас успеаа да го освојат Купот на Италија!

Неполитанци славеа над Јувентус по изведување на пенали.
Ова беше 6-ти трофеј за Наполи во ова натпреварување, и прв трофеј за нашиот Елиф Елмас во дебитантската сезона во дресот на Наполи и во Серија А.
Регуларното време заврши со резултат 0:0, но играчите на Џенаро Гатузо бeа подобриот тим.
Се отиде на изведување на пенали и Наполи славеше со 4:2.
„Прв трофеј во мојата кариера, и тоа освоен со специјален тим. Магична ноќ со надеж дека ќе биде првиот од долга серија трофеи!“ – напиша Елмас на Инстаграм по освоениот трофеј во Копа Италија.