Вистински шок доживеаја навивачите на Наполи, а надежта дека Дрис Мертенс ќе остане во клубот, исчезнува по објавата на „Кориере дело спорт“ дека Белгиецот заминува во Интер.

Според италијанскиот медиум, документите за 33-годишниот напаѓач се веќе испратени од Неапол во Милано и само се очекува реализација на трансферот.

Мертенс неодамна изјави дека сака да остане во Наполи, за него заинтересиран беше и Челзи, но белгискиот репрезентативец очигледно има поинакви планови.

Договорот со Наполи му истекува во јуни годинава и ќе може без отштета да се пресели во редовите на Интер, барем според информацијата што ја објави „Кориере дело спорт“.

Мертенс е член на Наполи од 2013 година, кога во Неапол пристигна од редовите на ПСВ Ајндховен и за калчолигашот досега одигра 226 натпревари со 90 постигнати голови.

Во Наполи со успех настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.