Фудбалскиот клуб Кул со задоволство соопшти дека дел од стручниот штаб на фудбалска школа во новата сезона ќе биде и Един Нурединоски.

Се работи за поранешен голман на Македонската сениорска репрезентација за која има запишано 14 настапи.

Нурединоски имаше богата играчка кариера, која започна во Вардар, а заврши во Арис Лимасол. Покрај Вардар, Един го бранеше голот и на други македонски клубови, како Слога Југомагнат, Победа, Цементарница и Милано од Куманово. Исто така имаше и интернационална кариера настапувајќи за екипите на Етникос Ахна, Баку, Арис Лимасол и Ермис. Голманската кариера ја завршува минатата година во екипата на Арис Лимасол, клуб во кој запиша вкупно 44 настапи.

Нурединоски ќе биде тренер на генерацијата 2003, која во новата сезона ќе се натпреварува во втората кадетска лига. Тој му пристапи на нашиотна клубот на почетокот на годината, заменувајќи го Милан Коцески, на клупата на генерацијата 2003. Сепак, поради пандемијата со вирусот, Нурединовски ги предводеше пионерите само во првите две пролетни кола, генерација која го освои првото место со максимален број на освоени бодови.