Клубовите од француската Лига 1 ќе добијат тежок финансиски удар, откако Canal+ објави дека нема намера да ја исплати наредната рата од договорот за пренос на натпреварите.

Според условите на договорот до 5 април треба да бидат исплатени 110 млн. евра, но од компанијата решиле тоа да не го направат заради фактот што првенството во моментов е во прекин.

“Екип” пак пишува дека парите од тв правата изнесуваат помеѓу 36% и 47% од буџетите на елитните француски клубови. Canal+ треба да плати 548 милиони евра, а другите 201 милиони доаѓаат од beIN.

Самите телевизии веќе ги чувствуваат големи загуби околу пандемијата со коронавирусот и тоа ќе има негативни последици за клубовите.

Дури сезоната да биде продолжена, клубовите нема да ја добијат целата предвидена сума од 759 милиони евра.

Според консултантската компанија KPMG француската Лига 1 ќе загуби заради кризата околу 200 милиони евра. Вкупната загуба на клубовите од топ 5 првенствата во Европа се проценува на 3,45 милијарди евра, пишува Фокус.

Најголеми штети ќе претрпи англиската Премиерлига, која ќе остане без 1,35 милијарди евра.