Клупскиот колега на Роберт Левандовски во националниот тим на Полска, Тиаго Чонек откри каква диета прави напаѓачот на Баерн Мимхен, за да ја одржи одличната физичка форма. 

“Лева сака постојано да се развива. Тој добива помош од својата сопругата Ана, која е диетолог. Таа му изготвува специјален режим за хранење. Во денот пред мечевите Левандовски јаде многу јагленхидрати. По вечерата тој задолжително јаде многу, многу ориз. На самиот ден на натпреварот тој се насочува на протеините, и секогаш јаде риба туна. Целосно избегнува се, што содржи глутен или лактоза. По натпреварите пак се опоравува со многу зеленчуци и авокадо.”