При победата на Тотенхем со 1:0 на гостувањето кај Фулам капитенот на “пеѕлите” Хари Кејн забележа неколку постигнувања за историја. 

За него ова беше меч број 300 во Премиерлигата, а голот на “Кревен Котиџ” беше на 33-то различно место во Премиерлигата на кое 29-годишниот напаѓач погодил. Само три други фудбалери стрелале на повеќе места – Франк Лампард и Вејн Руни – на по 34, како и Анди Кол на 37 години.

Голот има уште поголема вредност, бидејќи Хари Кејн се исправи рамо до рамо со Џим Грејвс по најмногу голови во историјата на Тотенхем – по 266. Но наскоро, Кејн ќе избие сам на врвот на листата.

Лајкнете на нашата страна на Facebook ТУКА