Евертон има исклучително амбициозна цел да ги ангажира Герет Бејл и Хамес Родригес од Реал (Мадрид) ва лето, тврди шпанското издание “Марка”.

Менаџерот на “карамелите” Карло Анчелоти е оптимист дека двајцата можат да акостираат на “Гудисон Парк” и исклучително многу да го одигнат квалитетот на тимот.

Овие трансфери на прв поглед се тешко остварливи, бидејќи не е познато како мерсесајдите ќе ги платат колосалните плати на двајцата фудбалери.

Анчелоти ги познава добро и двајцата и е подготовен да ги убеди да ги намалат своите примања и да му помогнат на составот на Евертон.

Тој работеше со низ за време на престојот на “Бернабеу” и е во перфектни односи со двајцата.