Евертон и Ливерпул ремизираа 0:0 на “Гудисон Парк” во градското дерби од 30-тото коло на англиската Премиерлига. Тоа значи дека тие неможат да ја освојат така посакуваната титула, која ја чекаат 30 во следното коло против Кристал Палас, ако Манчестер Сити слави утре дома против Барнли.

„Црвените“ владееа со топката во поголемиот дел од првото полувреме, но уште во 5-ата минута Ричарлисон можеше да им ја загорчи судбината. За среќа на Алисон топката помина покрај стативата.

Битка на теренот имаше, но не и опасни ситуации пред двата гола. Милнер од гостите и Ричарлисон упатија непрецизни удари со глава. Една од малкуте добри можности имаше Фирмино. Бразилецот шутираше од границата на шеснаесетникот, но непрецизно. Малку пред одморот Џејмс Милнер се повреди и беше заменет од Џо Гомес.

По одмрт играчите на Јирген Клоп се обидоа да го засилат темпото и да натиснат. Кеита шутираше од добра позиција по двојно додавање со Фирмино, но непрецизно.

Евертон се бранеше длабоко во својата половина и чекаше за згодна ситуација за брзи контри. Тоа се случи во 60-ата минута, кога Калверт-Лин го пронајде Ричарлисон. Бразилецот преку Џо Гомес се избори за позиција, но шутираше над голот. Три по-късно Ливърпул получи спорен фаул на границата на наказателното поле. минути подоцна Александар-Арнолд изведе слбоден удар од 16-метри, но топката заврши во живиот ѕид.

Во 73-ата минута Клоп требаше да ја направи и втора принудна замена, откако Жоел Матип се повреди и тоа значеше дека петата замена во Ливерпул ќе биде Дејан Ловрен.

Во 80-ата минута Евертон можеше да поведе. Ричарлисон додаде остро во шеснаесетникот, каде Калверт-Лин одигра со пета. Алисон внимаваше и ја одби топката, а Том Дејвис притрча и шутираше во подалечниот агол, но топката заврши во гредата.

До крајот на мечот ниту еден од тимовите не успеа да постигне гол и си поделија по еден бод.

По ремито Ливерпул е на врвот со 83 бода и 23 предност пред Манчестер Сити. Евертон е 12-ти со 38 бодови.