Светското првенство во пливање во Будимпешта ни донесе стресна ситауција.

Американската натпреварувачка по синхронизирано пливање Анита Алварес припадна во базенот, и се најде на неговото дно.

Тоа се случи на крајот на нејзината изведба во индивидуалната програма, кога Алварес едноставно тонеше кон дното на базенот.

Првата реакција беше на нејзината тренерка Андреа Фуентес, која беше и најблизу до базенот во тој момент. Таа се фрли и ја извлече својата натпреварувачка.

Неколку секунди подоцна во базенот веќе беше и спасителот, кој и помогна натпреварувачката да биде извадена, след по што беше ставена на веќе подготвената медицинска носилка. Алварес освести уште крај базенот, а по направените прегледи во болница, од американскиот тим соопштија, дека таа е добро и се со неа е во ред.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА